Кој краде во странство не е за пратеник, а ако краде во Македонија…

Долгата зачмаеност македонскиот парламент вчера заврши, се раздвижија пратениците. Ќе се правеле законски услови за чистење на Собранието од пратеници кои имаат повеќе пасоши и државјанства.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе амандмани со кои се бара пратениците да имаат само македонско државјанство. Од СДСМ велат дека предлогот е прифатлив и за нив, но партијата на власт има и еден услов:

-Предлагаме пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, како на пример лицето Антонио Милошоски, односно лица што со своите незаконски дела го нарушуваат имиџот на земјата, се вели во соопштението од СДСМ.

Добро. Ама дали тоа значи дека оние што крадат во Македонија ич гајле да си немаат, тие пратеници можат да бидат? А ако пак се истакнале многу при кражбите, може и во Влада да ги земат?

Штета, а таман помисливме дека еве едно прашање што сериозно ќе го отворат и затворат.

 

Претходна вестОблачно со сончеви периоди, температура до 14 степени
Следна вестМицковски објасни која е Шекеринска, а кој казнетиот Ковачки