Облачно со сончеви периоди, температура до 14 степени

Облачно со сончеви периоди ќе бидат карактеристика на денешниов ден во Скопје. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде до минус еден, а максималната од 14 степени.

Претпладне, слично време ќе има и во останатиот дел од Македонија. Од попладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, на планините за снег. Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од четири до 18 степени.

Утре под влијание на влажен бран во кон крајот на денот на запад ќе има повремен дожд, на планините снег. Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони ќе бидат пообилни и појава на снег ќе има понекаде и на повисоките места.

Претходна вест„Само глас“ и „Митре Стрелата во земјата на чудата “/ „Тибам Штркот” се двата нови проекти што ги подготвува МНТ
Следна вестКој краде во странство не е за пратеник, а ако краде во Македонија…