„Само глас“ и „Митре Стрелата во земјата на чудата “/ „Тибам Штркот” се двата нови проекти што ги подготвува МНТ

„Митре Стрелата во земјата на чудата “/ „Тибам Штркот” и „Само глас“ се два проекти на Македонскиот народен театар што се подготвуваат во моментот а се поддржани од Годишната програма на Министерството за култура на РСМ за 2021 година.

Претставата „Само глас” е приказна за силна и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Таа е проект на Нина Плавањац а во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светло. Во неа играат Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, а премиерната изведба се очекува кон крајот на мај 2021 година.

Вториот проект е „Митре Стрелата во земјата на чудата “/ „Тибам Штркот” од Зоран Спасов-Ѕоф, работен според еден од најчитаните текстови во 2008 година. Главниот лик го игра Александар Микиќ, а насловот е инспириран од животната сторија на јунакот Митре Стрелата во Канада. Како што вели авторот, ова дело е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа, да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија…

Претходна вестСиноќа се тресеа Скопје и Маврово
Следна вестОблачно со сончеви периоди, температура до 14 степени