Синоќа се тресеа Скопје и Маврово

Серија земјотреси синоќа се регистрирани на македонско тло. Едниот на само 56 километри од Скопје, на длабочина од 10 километри и со јачина од 3,2 степени според Рихтер.

Посилни беа земјотресите во мавровско. Околу 22.17 часот е регистриран на 18 километри југозападно од Гостивар, со јачина од 4,7 степени, се почувствувал во целиот регион.

Десетина минути подоцна следеше уште еден помал потрес. Според американското биро за геолошки истражувања вториот земјотрес бил регистриран во 22.18 со интензитет од 4,2 степени 8 километри југоисточно од Ростуша. Епицентарот и на двата земјотреси бил на 10 километри под земјината кора.

Во истиот реон три часа претходно имаше уште еден потрес со јачина од 3.0 степени.

Претходна вестБугарија привремено запре да вакцинира со „Астра Зенека“, почина 57 – годишна жена
Следна вест„Само глас“ и „Митре Стрелата во земјата на чудата “/ „Тибам Штркот” се двата нови проекти што ги подготвува МНТ