Кој се однесува неразумно околу астрономските цени на некои прозводи во маркетите?

Цените во маркетите во Македонија за некои производи станаа астрономски. Растат побрзо од квасец. Толку ли е голема инфлацијата и толку ли растат цените на енергенсите што цените на одделни производи буквално плашат?

Да не има тука и профитерство кое се „мува“ околу економската и енергетската криза? Кој претерува со определени цени, производителите или трговците или сите кој стигнат, а се тоа го плаќаат граѓаните?

Дека нешто не е според економската логика деновиве најдобро се гледа од цените и се што се случува околу млечните производи. Млекопроизводителите на фармите од кои се откупува млекото велат дека добиваат по 24, 25 денари по литар млеко. А истото тоа млеко во маркетите се продава по 74, 76, па и повеќе од 80 денари. Да, млекото откако ќе се откупи се пасеризира, се пакува, но сепак…

Цената на кашкавалот веќе стаса до астрономски износи – 750, 800 денари, а и сирењата станаа прескапи… 

– Можеби ќе издржиме уште една –две години , ама ако продолжи вака ни оваа година нема да биде. Со тие осум крави што ги имам ги студирав децата, а сега не можам да си ги покријам сметките да и купам крма за стоката, сведочеше деновиве сточар од беровско село.

Дали во соседните земји е волкав распонот меѓу откупната цена на млекото и на млечните преоизводи во маркетите? Дали ова се случува и со цените на месото и лебот?

На ова треба брзо (веќе каснат) да одговорат државните инспекциски служби. До сега малку, или речиси ништо не е направено за да се спречи ваква појава освен што се ограничија маржите. Вицепремиерот Фатмир Битиќи вчера изјави дека не е можно цените да бидат толку високи и дека е потребен закон против воено профитерство и дека ќе им предложи на пратениците да го изработат.

– За жал, и во период на криза некој не се однесува разумно како што треба. Ако пратениците се согласат да направат закон против профитирање во време на криза јас ќе одам да го бранам зашто мора да им ред во општеството, рече Битиќи.

Се најави дека инспекторите од Државен пазарен инспекторат ќе врши засилени контроли кај трговците за да види дали тие се придржуваат до ограничените маржи, ќе се проверуваат и влезните трошоци на млекопреработувачите… Но, тоа ќе значи дека ќе помине уште долго време кога граѓаните ќе остане да си ги гледаат високите цени по маркетите…

Зошто, немаше контроли порано? Зошто сега се мисли за ненаков си нов закон?

А прашања до профитерите треба да поставуваат инспекторите.

Претходна вестОпштина Аеродром: Нема да дозволиме затворање на училиштата
Следна вестМакедонската фудбалска репрезентација вечерва против Бугарија во Скопје