Кој треба да го тргне паднатиот електричен рефлектор во Аеродром?

Петнаесетина метри висок електричен столб со рефлектори и со внатрешна електрична инсталација веќе цели три дена стои паднат на подрачјето на општина Аеродром. На ова опасност од утринава предупредуваат граѓаните на социјалните мрежи бидејќи електричниот столб се наоѓа во непосредната близина на детското игралиште и детската градинка „Срнчиња“.

-Столбот е паднат веќе три дена и среќа е што притоа никој не настрадал. Но, откако е паднат никој не доаѓа да се тргне и отстрани опасноста некој да загине од електричната инсталација. Тука доаѓаат млади на игралиштето и се е можно да се случи, предупредува еден жител од околните згради.

Граѓаните ги повикуваат општинските служби да реагираат но тоа се уште не се случило.

Претходна вестЈаков Милатовиќ е новиот претседател на Црна Гора, Ѓукановиќ го призна поразот
Следна вестНовак Ѓоковиќ повторно е на првото место