Колку фабрики за кеси ќе стават клуч на врата од утре?

Дали пред носењето на законот што треба да стапи на сила од утре, дека кој сака кеса во маркет ќе треба да плати 15 денари за неа, некој ги слушна производителите на кеси? Поразговараа ли креаторите на јавните политики со оние кои имаат фабрики за кеси, во кои работат стотици луѓе (што значи од таму живеат стотици семејства), дали се подготвени на ваков категоричен рез од 1 декември? Колку производители ќе мора да стават клуч на врата?!

На ниту едно од овие прашања деновиве не слушнавме конкретен одговор од надлежните. Властите само трча да ги усогласат стандардите со оние на ЕУ, иако ни од далеку не сме подготвени за тоа. А, како што изгледа, нема ниту да ги почнеме преговорите толку брзо како што се форсираат одредени решенија.

Веројатно никој во Македонија не се сложува со загадување на околината со пластичните кеси, и секако треба да излезат од употреба, но како ќе се надомести ударот на производителите? Одговор нема.

-За жал производителите воопшто не се подготвени за производство на биоразградливи кеси бидејќи законот излезе во сужбен весник на 16/9/2021 а треба да почне примена од 01/12/2021 година, без известување, консултација и работни групи од страна на прозиводителите на пластични кеси, велат за дел од медиумите од Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојуз на стопански комори на Македонија.

Инаку, целта на Законот кој почнува од утре е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна корист и да ја стимулира нивната повеќекратна намена заснована врз принципот „загадувачот плаќа“.

Претходна вестСе запали автобус на ЈСП кај „Раде Кочар“
Следна вестКаровски и „Магијата на Шопен“ во четврток во Филхармонија