Комисија за употреба на имиња на личности: Именувањето на здружението „Иван Михајлов“ е провокација

Негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен Центар ,,Иван Михајлов’-Битола, денеска даде Комисијата за употреба на имиња на личности.  Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата.

-Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението „Иван Михајлов“ е провокација за националните чувства на  македонскиот народ  имајќи предвид дека се работи за личност блиска  со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост,нетолеранција и омраза во македонското општество, се наведува во соопштението.

Комисијата заседаваше во полн состав. Претседател на Комисијата за употреба на имиња на личности е проф.др Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ. Нов член е и Евгениј Литовски-кустос, историчар во Министерството за култура.

 

Претходна вестОд ноќеска на полноќ: Бензинот од 95 октани 81,5, а дизелот 75,5 денари за литар
Следна вестЕден од убиените во Шиша бар бил осомничен за убиство, чекал судење во Холандија