Еден од убиените во Шиша бар бил осомничен за убиство, чекал судење во Холандија

Енес Исени еден од ликвидираните во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија во пукањето на 6 март бил осомничен за убиство. Како што пренесуваат холандските медиуми, тој е еден од неколкумина осомничени за убиство на плажата во Берген ан Зи, Холандија.

Исени со уште неколку други лица во февруари 2021 година на среде бел ден на влезот на плажата во Берген ан Зи се обидува да киднапира Колумбиец како одмазда за наводна измама со кокаин.

Пресметката завршува со пукотници, Колумбиецот е погоден и подоцна умира. Криминална банда бега со оружјето со неколку автомобили.

Неколку недели подоцна, првоосомничениот е уапсен во Холандија, а полицијата добива информации дека останатите се кријат во Шпанија, пишува NH Nieuws.

Енес Исени е уапсен и екстрадиран во Холандија. Поминува 10 месеци во притвор, по што со одземен пасош е пуштен од слобода да го чека судењето.

Не е познато како без пасош Исени влегол во Македонија. Судењето за убиството во Берген ан Зи започна во вторникот. Исеини и Јетон Кривањева беа убиени на почетокот на 6 Март во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија.

Претходна вестКомисија за употреба на имиња на личности: Именувањето на здружението „Иван Михајлов“ е провокација
Следна вестСпасовски: Од воведувањето на новите протоколи, имавме само две дојави за бомби