Темен режим Режим на светлина

Скопјанец се обидел да силува, на Водно и улица „Востаничка“

Кривична пријава за Естонец во Скопје: Осомничен за злоупотреба на малолетник Кривична пријава за Естонец во Скопје: Осомничен за злоупотреба на малолетник

26-годишен Скопјанец е осомничен дека се обидел да изврши две силувања. Едниот обид за силување бил на Водно, а другиот на влез од зграда на улицата „Востаничка“.

– Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори две кривични дела – едно кривично дело Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 и со член 19 од Кривичниот законик и едно кривично дело кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 26 февруари, на пешачка патека на Водно, со умисла се обидел со примена на сила, спротивно на јасно изразената волја на една жртва, врз неа да изврши полов напад и силување.

Додека оштетената пешачела и се искачувала на пешачката патека, осомничениот со сила ја повлекол кон него и ја турнал на земја, па легнал врз неа со намера да ја принуди на сексуален однос. Жртвата давала активен и континуиран отпор. Во тој момент до местото на настанот се приближило непознато женско лице, по што пријавениот станал и веднаш побегнал од местото на настанот.

Истиот осомничен, на 4 март, пред влез на зграда на улицата „Востаничка“ во Скопје, нападнал и се обидел да изврши полов напад врз уште една жена. Жртвата го турнала од себе осомничениот, силно вознемирена и исплашена почнала да вика по помош, па избегала кон својот дом, веднаш пријавувајќи го настанот во полиција, се вели во соопштението на Обвинителството.

Од страна на Обвинителството поради опасност од бегство или можност за поворување на делото до Основниот кривичен суд Скопје е побаран притвор за осомничениот.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, а и особени околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците (жртви) на кривично дело и околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти Обвинителството.​

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Базенот во Сарај во рацете на Општината, ќе се плива ли пак во него?

Следна објава

МВР: Украден монитор од компјутер од бугарскиот КИЦ во Скопје