Маричиќ ги пречека Борел и Вархеји

Вицепремиерот Бојан Маричиќ ги пречека на скопскиот аеродром потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји
.
Политичка поддршка која државите од Западен Балкан ја имаме треба да ја искористиме и да ги загарантираме стабилноста, мирот и европската перспектива на регионот.

На утрешната седница на Советот за стабилизација и асоцијација ќе имаме можност да разговараме за статусот на реформите, напредокот во евроинтеграциите и за билатералните односи во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Им посакувам успешен престој и со убави вести за регионот да заминат од нашата држава, која е пример за надминување на спорови по мирен и дипломатски пат“, порача Маричиќ.

Претходна вестВо тек полициска акција во Скопје – приведени дилери на дрога
Следна вестЃукановиќ го распушти Собранието