Повеќе од 1200 сообраќајни казни изречени за една недела во Скопје

Сообраќајните прекршоци се честа појава на скопските улици, за тоа говорат податоците дека само изминатава недела се изречени над 1200 казни за непочитување на сообраќајните правила и прописи. Ништо поразлично не беше и во текот на вчерашниот ден, во кој полицијата казни 216 возачи.

– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, изречени се 19 мерки за непрописно престројување на возила, шест санкции за вградени затемнети стакла…, се вели во соопштението од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќјаните правила и прописи.

Претходна вестЗабрането користење на името на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“
Следна вестЈане Ченто и Игор Југ со пораки по одбиениот предлог за амнестија: „Кажете ѝ на мајка ми нека не жали“