Комисија за заразни болести: За 65,8 отсто се зголемил бројот на новите случаеви на Ковид – 19, да се носат маските

Има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во однос од минатата недела и тоа изнесува 65.8 отсто, констатирала денеска Комисијата за заразни болести.

Во нејзиното соопштение се наведува дека нема зголемување на бројот на хоспитализации бидејќи во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид-19 и нема зголемување на бројот на смртни случаи.

-Согласно овие параметри и земајќи го во превид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот потсетуваме на обврската за задолжитенло носење маски во здравствените установи, згрижувачните установи , аптеките и јавниот превоз, сооштија од Комисијата.

Од таму дополнително препорачуваат до граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да користат општите мерки за лична заштитна, а тие се: заштина маска , одржување растојание и одржување на лична хигиена особено при посета на затворени и невентилирани простории.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените на истата ќе донесе советни препораки.

Претходна вестДимовски: Власта да не се крие, продолжуваме со штрајкот
Следна вестТоварен воз прегази двајца мигранти што лежеле на пругата кај Миравци