Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Под мотото „Легендите живеат вечно“ вечерва во Македонската филхармонија ќе се одржи концерт во чест на македонските музички пејачи кои прерано починаа, со цел да им се оддаде почит за се она што го оставија зад себе. Концертот ќе биде во придружба на Камерниот Оркестар.

Ќе бидат изведени композиции од Тоше Проески, Влатко Илиевски, Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ и многу други.

– Музичкиот свет прерано го напуштија многу македонски имиња, но нивните песни нема да избледат. Заминаа, но ќе останат делата. Тие остануваат вечни, како спомен за оние со кои се радувавме, растевме, тагувавме…Легендите живеат вечно, затоа што има млади таленти кои живеат со нив, во ова време, посочуваат организаторите на концертот

Претходна вестНад 150 студенти на Бреинстер на хакатон ја градат апликацијата за пријавување загадување на воздухот во Скопје
Следна вестВремето ќе биде сончево и топло до 28 степени