Конечно, во Кисела Вода се прават нови паркинзи, ќе има ли уште?

Во Кисела Вода жителите мака мачат да најдат слободно паркинг место. Згради набиени една до друга, тесни улици… тоа се маани кои надлежните треба да ги решат што поскоро, за конечно да има малку повеќе паркиин места во оваа скопска општина.

Да, на ова поле конечно почна да делува градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓоргиевски, па од вчера започна со изградба на просторот меѓу улиците Ѓорѓи Сугаре и Михаил Чаков, во непосредна близина на трим-патеката, со што ќе се отвори можност за паркирање стотина возила, а значително ќе се подобри и сообраќајот во мирување во овој дел од општината.

– Почнуваме со изградба на паркинзи на три нови локации во урбаната заедница 11 Октомври – згради, кои треба да бидат готови за две седмици. Со ова, се отвораат нови 100 паркинг-места, што значи намалување на сообраќајниот метеж во овој густо населен дел на општината.“, изјави градоначалникот.

Но, дали ова е само почеток или и крај на градењето на паркинзи во Кисела Вода? Во оваа населба има многу места каде треба да се реагира на сличен начин, но и да се внимава, да не се претвори во бетон секој дел кој е сега во зеленило.

Претходна вестАнтикорупционерите бараат кривично гонење на Наумче Мојсовски
Следна вестМВР потврди: Дојави за бомби добиени во осум средни училишта во Скопје