МВР потврди: Дојави за бомби добиени во осум средни училишта во Скопје

Во скопските средни училиште повторно се добиени дојави за подметнати бомби, потврди полицијата. „Скопско ехо“ веќе објави дека такви заканувачки пораки се добиени во училиштата „„Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз“, „Орце Николов“, „Владо Тасевски“ и други. Таму е извршена и евакуацијата на учениците и на наставниот персонал.

МВР денеска соопшти дека дојави имало во осум училишта.

-Денеска (03.02.2023) околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Претходна вестКонечно, во Кисела Вода се прават нови паркинзи, ќе има ли уште?
Следна вестТрадиционални „Прличеви беседи“ во Охрид