Темен режим Режим на светлина

Дојавите за бомби во училиштата повторно лажни

Денешните дојави за наводно поставени бомби во средни училишта во Скопје се лажни, информира Министерството за внатрешни работи.

-Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од десет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението.

По добиените пријави, полицијата ги преземала сите мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Ова се први дојави за бомби во второто полугодие, што започна пред речиси две недели.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пронајдена кафана стара 5.000 години

Следна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Прегазена 92-годишна скопјанка