Пендаровски и неговиот кабинет без јануарска плата

Шефот на државата Стево Пендаровски и вработените во неговиот Кабинет се ушт ене примиле јануарска плата. Причина е што Министерството за финансии предводено од Фатмир Бесими одбива да ја одобри исплатата која согласно колективниот договор треба да биде и повисока. Образложението од финансии кое го добиле е дека во буџетот за оваа година не се предвидени дополнителни пари за плати на вработените во претседателскиот кабинет.

Но, од Кабинетот на претседателот на државата образложението на Бесими го сметаат за неосновано. Тврдат дека тие не бараат дополнителни буџетски средства туку исплата на заштедените средства.

-Кабинетот на претседателот во согласност со потпишаниот Колективен договор со Синдикатот на вработените, предвиде покачување од 5 отсто на плата само за државните службеници кои се вработени во Кабинетот. Ова покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот. Средствата за Буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии, се наведува во реакцијата на Кабинетот.

Врзано со ова, премиерот Ковачевски денеска рече дека Колективните договори да се потпишуваат според можностите во државната каса, а проблемот со платите во Вила Водно да ги решат Бесими и Пендаровски.

-Секоја институција вклучително и претседателот на државата кога потпишува Колективен договор, не може сите институции ќе седнат со Синдикат без да гледаат што има во буџетски договор. Замислете сите да потпишат што ќе треба да направиме?! Не знам каков Колективен договор има претседателот? Ќе си седнат со финансии, ќе разгледаат ќе договорат и ќе има решение како што има решение за се, кажа Ковачевски.

Остра реакција за потегот на Бесими стигна од синдикатот на УПОЗ.

-Министерот за финансии свесно бара да биде прекршен Колективниот договор и да не се исполнат одредби од истиот, чин што е Кривично дело со можност за една година затвор за раководното лице на институцијата, пишува во реакцијата на УПОЗ.

Претходна вестФатен убиецот на Италијанската мафија, работел како пица мајстор
Следна вестБритански генерал: Ако нѐ нападнат Русите, за еден ден ќе останеме без муниција