„Конески на 11 јазици“: Препеви и текстови на великанот објавени во најновиот зборник

„Конески на 11 јазици“ е зборникот што ќе се промовира денеска од страна на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Станува збор за зборник од Првата зимска школа на семинарот, којашто се одржа на почетокот на годинава и беше прва активност во рамките на програмата за одбележување на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Во Зборникот се објавени препеви на песни и преводи на кратки прозни текстови на Конески на руски, полски, чешки, словенечки, хрватски, српски, бугарски, италијански, шпански, грчки и турски јазик.

И не само тоа, во зборникот се објавени и текстови со сеќавања за Конески од странски македонисти – академиците Зузана Топољинска, Иван Доровски, Виктор Фридман и Горан Калоѓера.

Претходна вестМузичарите протестираат, зошто може свирка на свадби, но не и во кафулиња?
Следна вестБогдановиќ почесто да го гледаме на велосипед низ градот