Конфекциите во земјава без нарачки, работниците на колективен одмор

Над  6.000 текстилни работници во земјава од вчера се на колективен одмор. Причина е тоа што компаниите што ги вработуваат не можат да функционираат без субвенциите од државата кои во вид на петти антикризен пакет се блокирани во Собранието

-Работниците се пуштени на одмор, користат две недели од годишниот одмор за 2021 година, вели претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров.

Голем број од текстилните фабрики кај нас работат за извоз, па поради карантините на повеќе европски држави, посебно Германија, во моментов конфекциите кај нас немаат нарачки за облека.

Претходна вестНови 72 пациенти во скопските ковид-центри, вкупно во државата се лекуваат 1.744 лица
Следна вестОткривање или саботажа: ВМРО-ДПМНЕ и МВР со различни ставови за аферата со пасошите