Нови 72 пациенти во скопските ковид-центри, вкупно во државата се лекуваат 1.744 лица

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 72 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 692 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, најмногу приеми има на Интерните и хируршки клиники – 33.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника, во Козле 3 нови болни, а на Институтот за физикална медицина се примени 2 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 72 оздравени пациенти.

Во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.052 пациенти или вкупно 1.744 во цела држава.

Претходна вестКај нас нема антивакцинално движење, само по нешто на социјалните мрежи и во некои медиуми
Следна вестКонфекциите во земјава без нарачки, работниците на колективен одмор