„Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“ е насловот на конференцијата што ќе се одржи денеска во 12 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Тема на конференцијата е „Како Македонија може да стане пристојно место за живеење“.
Конференцијата ќе ја отворат професор д-р Сашо Георгиевски, декан на факултетот и Александар Марјановиќ, директор на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.
На настанот свои обраќања ќе имаат претседателката Гордана Силјановска-Давкова, Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, Никица Мојсоска- Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“ и новинарот Бранко Геровски