Денешниот Конгрес на СДСМ се прекина и одложи откако раководствата на општинските организации побараа дополнително време за подготовка на извештаите за парламентарните и претседателските избори.
Ова барање на општинските организации било прифатено од страна на раководството на партијата.
Како што дознаваме, Конгресот е одложен, а телата и органите на партијата ќе информираат за датумот за негово продолжување.