Возрасни кучиња од други градови се носат во Струмица и се истовараат на различни локации во општината. Најчесто тие се носеле од западниот дел на државата, но имало случаи кога тоа го прават и лица од југоистониот регион.
Ваквата појава според директорката на стационарот Лана, овластеното прифатилиште за бездомни кучиња значително го отежнува решавањето на еден од најгорливите проблеми кој се провлекува со децении.За ваквите тврдења од прифатилиштето имале и докази кои веќе биле доставени до надлежните институции.
Во меѓувреме од стационарот велат дека интензивно работат на терен и ги лоцираат и третираат сите бездомни кучиња во општината. За 14 месеци колку што постојат биле третирани околу 820 кучиња.
Со цел да се подигне свеста кај граѓаните, стационарот Лана започнува и со едукативна кампања, Преку неа имаат намера да ги едуцираат граѓаните за чувањето домашни миленици, но и да ги мотивираат во што поголем број да вдомат бездомно куче. До сега официјално преку нив биле вдомени 120 кучиња, а уште шеесетина се згрижени од граѓани.