Темно Режим Светло Режим

Коњановски: Младинскиот центар во Битола отвора нови можности за учениците

Коњановски: Младинскиот центар во Битола отвора нови можности за учениците Коњановски: Младинскиот центар во Битола отвора нови можности за учениците

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска имаше средба со директорите на основните училишта од Битола.
Средбата се одржа во просториите на Младинскиот центар со цел негова промоција како место што младите можат да се активираат, информираат и едуцираат во повеќе области.

Ова доаѓа по успешното промовирање пред средните училишта што се случи во текот на првото полугодие кога таква средба имаше со директорите на средните училишта, а фактот дека за 30 проценти се зголеми бројот на посети од страна на средношколци, сега фокусот е на основните училишта, односно ученици од 8 и 9 одделение.

Беше кажано дека освен програмите кои тука се реализираат од областа на уметноста, музиката, дигитализацијата и друго, училиштата дел од активностите на секциите можат да ги организираат и во овој простор.

Функционирањето на Младинскиот центар е можност младите преку неформално образование, да изучуваат и вештини кои што не се застапени во образовниот процес.

Младинскиот центар го формираше Општина Битола, го раководат трите невладини организации МКЦ, СФЕРА и ИМКА.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Меџити најави реконструкција на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

Меџити најави реконструкција на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

Следниот Пост
Украле пари, два сефа и мобилни телефони од финансиско друштво во Аеродром

Тетовец пријавил напад, а самиот бил насилник