Петчлениот оркестар, или музички познатиот квинтет „КонТемпора“ вечерва приредува концертно уживање за љубителите на звукот на дувачките инструменти, заедно со пијанистката Огненка Герасимовска-Димитровска. Локацијата е Музејот на македонската борба, а време е 20 часот.
Дел од составот се Златка Митева – флејта, Владимир Лазаревски – обоа, Игор Иванов – кларинет, Горан Јанев – хорна и Марјан Милошевски – фагот.
На репертоарот се камерни дела од македонските автори Љубомир Бранѓолица, Стојан Стојков, Валентина Велковска-Трајановска и Вулнет Таири, од бугарскиот композитор Марин Големинов, а посебен акцент во програмата е ставен на грчката композиторка Георгиа Калодики од чиешто творештво квинтетот ќе изведе три композиции.
Концертoт е дел од проектот на Сојузот на композиторите – СОКОМ насловен „Европски и балкански музички мисли“.