Концерт во чест на Саша Николовски – Ѓумар, во Филхармонија во четврток

„Фанфари за еден пријател“ е насловот на концертот што ќе се одржи во четврток со почеток во 20 часот во Филхармонија, а е посветен на еден од најзначајните диригенти на македонската музичка сцена, маестро Саша Николовски-Ѓумар.

Диригентската палка вечерта е во рацете на Габриел Бебешелеа, а на програмата се дела Арон Копланд, Пол Дика, Шарл Гуно, Флорент Шмит, Рихард Штраус и младиот македонски композитор Ангел Спироски. Со концертот „Фанфари за еден пријател“ ќе биде промовиран и серијалот „Пред концертни разговори“ како нова практика на Филхармонија.

Претходна вестТемелковски го фати предизборен „вирус“ на чистење депонии, Шилегов уште е имун – Вардариште си расте
Следна вестПроменливо облачно, температура и до 13 степени