Кошаркарите на Вардар се враќаат меѓу прволигашите

Екипата на Вардар е еден од 12. тимови кои следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига. „Црвено-црните“ до овој статус дојдоа откако го совладаа составот на Ангели со 73-82 во вториот меч од полуфиналната серија.

„Вардарци“ се првата од двете екипи кои ќе ја пополнат листата на 12 учесници во Првата лига-мажи во сезоната 2032/2024.

Вардар патот во Првата лига на вториот меч против Ангели го реши со одличното прво полувреме кое го доби со 23-46. Во екипата која е веќе нов член на Првата лига, Бајрам застана на бројката од 25 поени, а Митков заврши со 21 поен, Атанасов имаше 16, а Ивановиќ дополни со уште 12 поени.

Кај Ангели, кои ќе играат за третото место во второлигашката конкуренција (со поразениот од „мајсторката“ ГКК Охрид-Соколи 1933), Арсовски беше стрелец на 24 поени, Аргировски имаше четири помалку, Димитровски додаде 13 поени, а Богатиновски заврши со 11 поени.

Претходна вестКонечно Владата се осмели да му каже НЕ на Брисел, ама…
Следна вестДИЦ: Штрајкот се става во мирување по насилните мерки и притисоците на министерот Шаќири