Вчера во 11.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.С.(27) од Косово затоа што при извршена проверка констатирано било дека бил баран по телеграма од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Белановце.
Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за Гранични работи–Север за понатамошна постапка.