Косово му забрани на српскиот патријарх да дојде во Пеќката патријаршија во пресрет на Божик

Косовските власти му забранија на поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј во пресрет на Божиќ да дојде во Пеќката патријаршија, соопштуваат од неговиот кабинет. Тој ова одлука ја оцени како дискриминаторска.

– Српскиот патријарх Порфирије со чудење ја примил веста дека властите во Приштина денеска му забраниле, пред големиот празник Рождество Христово, што го празнува целиот христијански свет, да пристигне во Пеќката патријаршија, која e вековното седиште на Српската православна црква и манастирот чиј патријарх е игумен, односно старешина, велат од кабинетот на српскиот патријарх.

Се наведува дека Патријархот Пофририја не се откажува од намерата да служи божествена служба во Пеќката патријаршија и дека очекува таа, како што се наведува, крајно дискриминаторската одлука да биде укината и да престане да се газат човековите права и верските слободи на православните Срби кои живеат во покраината, на земјата на нивните предци, каде што српскиот народ непрекинато живее најмалку 1.500 години.

– Патријархот Порфирије се моли на Бога за мир и добра волја меѓу сите луѓе, а особено се моли да завладее мир меѓу Србите и Албанците на Косово и Метохија, каде што живеат заедно со векови, се вели во соопштението од кабинетот на српскиот патријарх.

Претходна вестМета ќе плати 725 милиони долари казнa
Следна вестЈП „Водовод и канализација“: Скопјани пијат исправна вода