Ковачевски ќе биде мандатар, објави ново раководство и ново поглавје во СДСМ

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски е избран да биде мандатар на новата влада. Ова го одлучил ЦО на СДСМ на денешната седница.

По завршувањето на седницата Ковачевски одржа и прес-конференција на која го објави новото партиско раководство.

Миле Зечевиќ е новиот генерален секретар на партијата, нов организационен секретар Вангел Андревски, а Бојан Маричиќ ќе биде секретар за меѓународна политика. Сања Лукаревска ќе остане заменик-претседател на партијата.

За нови потпретседатели на партијата избрани се: Перо Костадинов, Стефан Богоев, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Фатмир Битиќи.

Во Извршниот одбор на партијата се: Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски, Никола Рилак.

Тој најави дека со новото рководство започнува и ново поглавје во партија. Како следен чекор најав дека составување на нова влада која како што рече има мандат до 2024 година и со тоа ја исклучи можноста за предвремени парламентарни избори. Најави дека фокусот на новата влада ќе биде на економијата, инвестициите подобрување на стандардот на граѓаните, покачување на платите и заштита на правата на работниците.

За тоа ќе се формира Совет за креирање и имплементација на политики што ќе го води Игор Ивановски, поранешен партиски функционер и пратеник во Собранието. Во него ќе членуваат поранешни и сегашни членови од раководствот на партијата и ќе се орави координација на комисиите во партијата кои ќе се реформираат и ќе креираат политики во духот на социјалдемкратското владеење.

Тој најави, како што рече, отфрлање на внатрепартискиот клиентелизам и во секој сегмент на општественото работење, потооа одговорност и ефикасност и отчетност за сработеното и како што рече, сутински се менува курсот во комуникацијата со граѓаните и секој функционер и активист ќе биде во контакт со граѓаните.

Исто така рече дека нема да има место за квазипатриотизам, за што ја обвини опоицијата, кој нема да биде, како што рече, чукање во гради и национализам.

-Да се врати чувстото за правда и правичност во општеството и остро да се реагира на корупцијата, транспарентност во секој потег и вражање на единството во партијата врз демократски договор, рече Ковачевски на прес конференцијата пред полноќ.

На новинарско прашање, да ги коментира забелешките дека во раководството на партијата враќа стари кадр, тој рече дека е е направено врз принципот на родова еднаквост 50 отсто мажи и 50 отсто жени и 33 отсто млади, како и застапеност од сите плански региони.

Претходна вестКај Миладиновци сообраќајот по една лента, патот кај Мокрино е поплавен
Следна вестЗа кого „бијат камбаните“ за корупција и нетранспарентни тендери?