Кај Миладиновци сообраќајот по една лента, патот кај Мокрино е поплавен

АМСМ во вечерниот извештај за состојбата на патиштата повторно преудпредува дека на патниот правец Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри.

Исто така, сообраќајот на патниот правец Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Она што е забележливо дека патниот правец кај Миладиновци и минатата недела од истите причини беше проблематичен, а тоа продолжува и оваа недела.

Во пресрет на новогодишните празници, засега на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Претходна вестАхмети тврди: Разликите сo Бугарија се приближени, ни помогнаа странците
Следна вестКовачевски ќе биде мандатар, објави ново раководство и ново поглавје во СДСМ