Ковачевски: Политичари како Костадинов не се пожелни во Македонија, тие шират немир и нетрпение

Политичари каков што е бугарскиот пратеник Костадин Костадинов не се пожелни во Македонија бидејќи шират немир и нетрпение, оцени денеска македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Тој реагира на вчерашната изјава на Костадинов дадена во Скопје при отворањето на КИЦ на Бугарија дека Бугарија и Македонија се две држави со еден народ, со заедничко минато.

-Како што Министерството за надворешни работи но и министерката за култура го осудија така и јас го осудувам непримерното однесување на Костадинов. Непримерно е човек кој што е дојден како гостин во ваа држава да се однесува на таков начин. Вчера беше чин на отворање на Бугарски културен центар во Скопје, така како што личи, на ист начин како што кажав дека ќе отвориме македонски културен центар во Благоевград каков што имаме и во Софија. Такви политичари како тој вчера и уште еден што мене ми правеше видеа воопшто не се пожелни во нашата држава бидејќи нивната политичка агенда е ширење на немир и нетрпение помеѓу двете држави и народи само поради свој политички интерес. Тие воопшто не мора да доаѓаат тука, изјави премиерот Ковачевски.

 

Претходна вестЗапленети екстази и дрога со вредност од 200.000 евра
Следна вестНа „Црн петок“ пазарните инспектори констатирале лажни попусти