На „Црн петок“ пазарните инспектори констатирале лажни попусти

Опомени за непочитување на Законот за потрошувачи изрекнувале пазарните инспектори при контролите на „Црн петок“ по продавниците во земјава. Инспекторите при контролите во моловите во Скопје извршиле проверки дали трговците даваат реални попусти.

Во над 30 акциски надзори, најголем дел од пропустите се кај трговците кои не го почитуваат новиот Закон за потрошувачи. Тој предвидува на производите да биде означена старата цена, а до неа новата која е на попуст.

-Праксата кај трговиците е пак, врз старата цена да биде залепена нова, па многу често се случува цената да е иста, а само да се дава впечаток во јавноста дека производот е на попуст. Онаму каде што инспекторите утврдиле пропусти, на трговците ќе им бидат изречени опомени со решенија, а доколу не ги поправат забелешките, предвидени се и парични казни, објави денеска телевизијата Сител.

Пазарните инспектори се на терен, главно во продавниците за бела техника каде што ќе утврдуваат дали се крши законот за потрошувачи од страна на трговците.

Доколу купувачите утврдат лажни попусти, нереални цени или прекршување на законот за потрошувачи, од Државниот пазарен инспекторат велат треба да се пријави на нивната веб страна или пак на бројот 181.

Претходна вестКовачевски: Политичари како Костадинов не се пожелни во Македонија, тие шират немир и нетрпение
Следна вест26-годишно момче пронајдено мртво