Ковачевски: Владата ја предложи Миликије Халими за директорка на „Аеродроми“ врз основа на универзитетска диплома

Миликије Халими е предложена и избрана за директорка на јавното претпријатие за аеродромски услуги врз основа на универзитетска диплома што ја приложила, рече денес премиерот Димитар Ковачевски. Халими во 2017 година стана првата жена градоначалник на Општина Арачиново која по завршувањето на градоначалничкиот мандат со средно медицинско училиште конкурираше и беше избрана за инспекторка во Царинската управа, а во саботата јавно на социјалните мрежи се заблагодари на СДСМ за довербата да раководи со „Аеродроми“.

-Таа е избрана од страна на Надзорниот одбор и е избрана врз основа на критериуми кои што ги има јавното претпријатие за аеродромски услуги кое што е сепак едно мало претпријатие и врз основа на универзитетска диплома која што ја има таму поднесено. Таа е предлог на Владата врз основа на универзитетска диплома која што ја има и која универзитетска диплома ја имаат и други функционери кои извршуваат пратенички функции така натаму, рече премиерот Ковачевски по свеченоста по повод Националниот ден на осигурувањето.

Претходна вестПунк за вадење на лични документи без закажување ќе биде во Кисела Вода, ќе бидат ли доволни 12 терминали?
Следна вестУниверзална сала нема среќа, оставена е во чекална