Пунк за вадење на лични документи без закажување ќе биде во Кисела Вода, ќе бидат ли доволни 12 терминали?

Пункт на МВР за вадење на личните документи на граѓаните без претходно закажување ќе се наоѓа во скопската општина Кисела Вода. Деновиве таму се вршеле последни подготвителни работи за почеток на работата со граѓаните.

Порталот 24инфо.мк доби увид во последните подготовки во големата сала каде се поставуваат компјутери, терминали и камери.

-По поставувањето на параваните, за неколку денови од сега, овој простор ќе добие 12 пунктови каде граѓаните ќе можат да се фотографираат за нови лични документи, се наведува во информацијата.

Во пунктовите е предвидено фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или пасош или пак, закажаниот термин им е по 12 февруари наредната година.

Работното време ќе биде од 8 до 18 часот.

На овој начин, од Министерството очекуваат да се забрза процесот на вадење нови лични документи со уставното име, и истовремено да се растоварат постоечките пунктови и кабини низ Скопје. Согласно законските одредби, до 12 февруари 2024 година, сите лични документи мора да се променат и на нив да стои новото уставно име на државата.

Но, со оглед на се уште голем број на граѓани коишто ги немаат сменето личните документи, прашање е дали и овој пунк ќе помогне сите граѓани на време да си ја завршат обврската. Во таква ситуација, МВР треба да размислува и за продолжувањето на рокот за менување на документите и по 12-ти февруари бидејќи голем дел од граѓаните ќе дојдат во ситуација да имаат важечки документи со име на државата Република Македонија, а нема да може да ги користат во јавната употреба.

 

Претходна вестБугарската такса за рускиот гас за 20 отсто ја поскапува струјата во Македонија?
Следна вестКовачевски: Владата ја предложи Миликије Халими за директорка на „Аеродроми“ врз основа на универзитетска диплома