Ковачки: МВР две недели не може да открие лажен бомбаш кој од лажни адреси, лажно ги паничи децата и граѓаните

МВР е мртво ткиво кое цели два недели не можат да откријат лажен бомбаш кој од лажни адреси, лажно ги паничи децата и граѓаните, реагира денеска Драган Ковачки, пратеник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за внатрешни работи. Во објавата на неговиот профил на социјална мрежа Фејсбук Ковачки наведува дека причина за ова е партизацијата на МВР која ја спроведува владеачката партија СДСМ.

-Не сакам ниту да замислам како би реагирало МВР во некоја поопасна и посложена ситуација. Еве зошто предупредуваме цело време дека во МВР не може да се вработуваат лица со основно занимање каменорезец, или поранешните градоначалници и партиски другари на Оливер Спасовски кои се навикнати на златна лажица и лица кои не поминале безбедносни проверки итн. Дали е појасно зошто цело време алармираме дека Законот за Внатрешни работи што го донесоа СДС, ДУИ и пајтон партиите, со што на Министерот му се дава право да унапредува по 3 (три) скалила одеднаш дека не е добар за институцијата? Дали е појасно зошто безбедносниот сектор не смее да биде да биде партиска алатка на Оливер Спасовски и СДС и дека сето горенаведено е на штета на безбедноста на граѓаните?, прашува Ковачки.

Тој додава дека во МВР нема професионализам, нема лица со соодветни компетенции на вистински места и дека нема одговорност.

-Спасовски наместо да се загрижи за својата и неспособноста на кадрите што сам ги поставил, си тера партиска агенда по локални партиски штабови на распаднатиот СДС. Оставка!, објави Ковачки.

Претходна вестКаков е лидерот – таква е и лидерската средба
Следна вестСелекторот Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за Финска и Азербејџан