Ковид коси во земјава: 21 починати и 947 новозаразени, во Скопје над 5.000 активни случаи

Повторно висока бројка на починати лица како последица на ковид -19 во Македонија. Во изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починати лица и 947 ноови заразени.

Од починатите, 6 пациенти се од Скопје (91г,90г,87г,66г,68г,78г), 3 пациенти од Берово (59г,51г,70г), по 2 пациенти од Куманово (72г,71г), Велес (82г,56г), Неготино (79г,79г), Гевгелија (83г,59г) и по 1 пациент од Кочани (66г), Крушево (74г), Богданци (54г) и Демир Капија (75г). Деветнаесет се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови.

Од направените 3.450 тестирања, регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу се од Скопје – 453, потоа Прилеп – 65, Велес – 56, Неготино – 44, Кавадарци – 41, Штип – 30, Тетово – 29, Куманово – 26, Струмица – 22, Гостивар и Битола – по 21, Охрид – 19, Гевгелија – 18, Кочани – 17, Струга – 12, Крива Паланка и Крушево – по 9, Ресен – 7, Берово и Кратово – по 6, Делчево и Демир Капија – по 5, Дебар, Радовиш и Богданци – по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2.

Регистрирани се 397 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374, од кои половината (5.017) се во Скопје.

Претходна вестМицкоски од Инфективна со писмо до амбасадорите: Да се одложат пописот и локалните избори
Следна вестЖителка на Тафталиџе: Завршив во амбуланта поради азбестот од барака која ја урнаа со багер