Во изминатите 24 часа починале 13 лица, а од 854 теста, регистрирани се 129 нови заразени со корона вирус.
Од починатите, 5 се од Скопје (76г, 70г, 61г, 58г, 54г ), двајца од Кавадарци (87г, 78г ), и по еден пациент од Тетово (73г), Куманово (79г), Охрид (66г), Гевгелија (73г), Прилеп (80г) и Неготино (61г), сите во болнички услови.
Од регистрираните 129 нови случаи, најмногу се од Скопје – 76, потоа од Кавадарци – 19, Неготино – 9, Прилеп – 6, Велес, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Тетово – по 2 , Битола – 9, Гостивар, Штип, Кичево, Виница , Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 342 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590, од кои 2.938 во Скопје.