Ковид во 24 часа: Бројката на починати и натаму над 30, на новозаразени се качи над 1.500

Триесет и две починати лица и 1.511 нови заболени, е билансот од ковид во изминатите 24 часа во нашата земја.

Најмногу од починатите, 13 се од Скопје (84г,83г,77г,75г,73г,68г,66г,64г, 63г,63г,51г ,42г и 41г), по 2 пациенти од Прилеп (79г и 68г), Куманово (70г и 61г), Гостивар (72г и 69г), Кавадарци (88г и 49г), Штип (84г и 79г), Струмица (86г и 80г) и Неготино (81г и 67г), а по еден пациент е пријавен од Велес (70г), Охрид (79г), Струга (72г), Гевгелија (58г) и Делчево (33г).

Триесет пациенти се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови.

Во последните 24 часа се направени 4.445 тестирања, а регистрирани се 1.511 нови случаи од кои Скопје – 654, Куманово – 116, Битола – 86, Велес – 68, Прилеп – 64, Тетово – 56, Гостивар – 55, Кавадарци, Штип и Охрид – по 44, Струмица – 38, Гевгелија – 35, Кичево – 25, Неготино -22, Кочани и Радовиш – по 15, Пробиштип – 14, Струга, Свети Николе, Дебар, Берово и Виница – по 11, Валандово – 10, Крива Паланка и Ресен – по 9, Богданци – 7, Македонска Каменица – 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пехчево и Дојран – по 3, Делчево, Крушево и Демир Капија – по 2, Демир Хисар – 1.

Регистрирани се 587 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262, од кои 9.654 во Скопје.

Претходна вест(ФОТО) Герила на УМС: Дочек за Рашковски во мексикански стил
Следна вестБраво, Македонија победи иако Германија и со раце играше