Обвинение со кое се товари за неколку кражби на велосипеди низ Скопје добило едно лице. Обвинителството поднесе Обвинителен предлог за кражби што се случиле во периодот од 23 октомври до 21 ноември.
-Во четири одвоени кривично-правни настани, на различни локации во Скопје, обвинетиот влегувал во влезови од згради од каде крадел велосипеди. Притоа со употреба на физичка сила ги кинел сајлите со кои биле врзани велосипедите и противправно ги присвојувал, велат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство, соопшти ОЈО Скопје.