Краделе делови од машини во РЕК-Битола

Три лица ќе добијат пријава откако се осомничени за кражба во кругот на РЕК – Битола, соопшти полицијата.

МВР информира дека завчера  во СВР Битола – Полициско одделение Новаци бил извршен службен разговор со М.К.(19), С.А.(19) и Д.К.(21), сите од Битола.

-Тие се сомничат дека на 13.10.2022 околу 21.00 часот на место викано „Балдовенци“, во кругот на РЕК-Битола, одзеле делови од работни машини и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во информацијата.

Претходна вестСончево со слаб ветер
Следна вестНавивачите на ПАОК дивееле по Скопје, спречена пресметка на навивачките групи