Фатени крадци на дело. Имено, денеска во 02.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР-Тетово ги лишиле од слобода 21-годишниот М.С. и еден малолетник, двајцата од Тетово. Тие биле затекнати при кражба на мотоцикл во двор од куќа, извести МВР.
-Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата се задржани во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.