Кражба во скопски Карпош: Вооружен со пиштол и нож одзел пари, па паднал и се повредил

Разбојник од Скопје со закана со нож и пиштол завчера се обидел да ограби продажен објект во Карпош, но му се слошило, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 30.05.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, К.К.(52) од Скопје пријавил дека околу 16.40 часот во неговиот продажен објект на подрачје на Карпош, едно лице со закана со пиштол и нож од касата одзело пари и при обид да избега, паднало и се повредило, а тој успеал да го совлада и да повика полиција.

-Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за И.С.(37) од Скопје и од него биле одземени пиштолот и ножот, информираа од полицијата.

Лицето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Претходна вестФестивал за домување во Скопје
Следна вестПо осум дена кумановци добија безбедна вода за пиење