Темен режим Режим на светлина

Куќен притвор за 16-годишникот кој прегази човек на пешачки во Скопје

Куќен притвор и одземање на пасошот за 16-годишникот кој управувајќи возило без возачка дозвола, го прегази хирургот Ѓорѓи Јота. Докторот се здобил со тешка повреда на главата.

-Иако немал возачка дозвола, тој управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје и кога дошол на раскрсницата со улицата „Елисие Поповски Марко“ не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин не го управувал автомобилот со брзина која би му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците. Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот преми, информираат од Обвинителството.

Од ударот, хирургот Јота се здоби со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба.

Инаку, детето-возач веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења кон полицијата на вчерашниот протест

Следна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Сонцево со северен ветер кој ќе ги намали температурите