Темно Режим Светло Режим

Купил „Пежо“, излегол со девојката да се повозат, разбојници ги нападнале и му го украле возилото

Насилно одземен автомобил од сопственикот среде улица. Имено, скопјанец на возраст од 22 години синоќа околу два часот по полноќ во полиција пријавил дека претходно, околу 22:30 часот додека со неговата девојка се возел во автомобил „Пежо 306“, на булеварот „Гоце Делчев“ го пресретнала поголема група на лица, од кои две лица го запреле возилото.

Потоа едно од лицата физички го нападнало, а другото лице му го одзело автомобилот, по што го напуштило местото на настанот. Во возилото имало пари и мобилен телефон.

од МВР информираат дека 22-годишникот во текот на денот го купил автомобилот од извесно лице Ф.И.

Advertisement

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

156 новозаразени, 100 се во Скопје, шестмина пациенти починале од вирусот

Следниот Пост

Сонцево и топло, попладнево дождот пак ќе се врати