Курти: Србите во Косово живеат многу подобро од Србите во Србија

Косовскиот премиер Албин Курти за „Вечерњи лист“ изјави дека на српскиот претседател Александар Вучиќ му пречи демократијата, а Косово не се вооружува затоа што се плаши од Србија, туку е на готовс поради српските воени бази, пренесува „Косово онлајн“.

Косовскиот премиер наведува дека на северот на Косово имаат мирни и добри денови секогаш кога нема наредба од Белград за насилство.

-Србите во Косово живеат многу подобро од Србите во Србија, но криминалците во Србија живеат многу подобро отколку во Косово. Гледате дека протестите на Вучиќ на Косово се насилни, а протести против Вучиќ во Белград нема. Животот на Србите во Косово им го отежнува Белград, кој не им дозволува да се интегрираат, вели Курти.

Претходна вестАвтомобил удрил во ограда и се превртил, на неколку километри пред граничниот премин „Богородица“
Следна вестКров падна врз автомобил во Скопје, возачот повреден