„Лајка“ се пофали: За еден месец стеризиравме и кастриравме 111 бездомни кучиња

Во ноември се спроведени 111 стерилизации и кастрации на бездомни кучиња, соопшти денеска скопското јавно претпријатие „Лајка“. Оттаму додаваат дека со оваа бројка е срушен рекордот на успешно изведени операции на месечно ниво досега во ЈП „Лајка“.

Стерилизација е извршена врз 88 животни, кастрација на 23, а биле заловени 94 кучиња, 29 се вдомени од активисти а 68 вратени на локациите.

– И покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието и предизвиците со кои се соочуваат вработените секојдневно, во недостаток на ресурси за работа и неисплатени плати, тимот на ЈП „Лајка“ максимално и професионално се вложува во остварување на успеси, посочија оттаму.

Во соопштението се наведува дека за овој рекорден резултат благодарност се должи на целиот тим при Амбулантата на ЈП „Лајка“, на нивните заложби, посветеност и професионалност.

Претходна вестВо Србија се ограничија цените на маслото за јадење, шеќерот и брашното
Следна вестМаск ќе ги лечи луѓето, прави чипови за во мозок