„Лајка“ стартува сo кампања за вдомување на бездомни кучиња по скопските населби

Почнува едукативната кампања на „Лајка“ преку која ќе се направи обид да се покрене свеста кај најмладите за одговорното сопствеништво, како и вдомувањето на бездомни кучиња, а со една цел – да се намали бројот на бездомни кучиња по улиците.

За таа цел од вчера со службено возило на ЈП „Лајка“, кое е брендирано со ликот на најстариот резидент во прифатилиштето Зиги, почна да кружи низ скопските населби за поголема едукација на жителите на градот Скопје.

-Запознајте го Зиги – нашата нова маскота, а воедно и најстариот резидент на ЈП Лајка. Зиги, кој е доказ дека најдобриот пријател и совршениот миленик не мора да е расен и купен, од денес го краси службеното возило на ЈП Лајка и ги едуцира жителите на градот Скопје. Како дел од проектните активности, започнуваме и со едукативна кампања, преку која ќе се обидеме да ја покренеме свеста кај најмладите за одговорното сопствеништво, како и вдомувањето на бездомни кучиња, а со една цел – да го намалиме бројот на бездомни кучиња по улиците, се наведува во објавата на скопското ЈП „Лајка“

Претходна вестВласта потроши 16 милијарди евра, а на Македонија и остави само камен темелници
Следна вестОд денеска автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка и назад