Од денеска автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка и назад

Граѓаните кои сакаат да ја посетат Попова Шапка од денеска ќе имаат можност да ја користат нововоспоставената автобуска линија која тргнува од Тетово. До скијачкиот центар досега немаше редовна автобуска линија, а Општина Тетово воведува превоз во сабота и недела. Од Тетово кон Попова Шапка автобуси ќе тргнуваат во 08:30, 11:00, 14:00 и 17:00 часот со почетна точна – во близина на поранешната појдовна станица на жичарницата од градот до скијачкиот центар.

Во соопштението во четвртокот Општина Тетово најави дека повратен билет за едно лице ќе чини 200 денари.

– Оваа линија очигледно ќе влијае не само на зголемување на бројот на туристи, туку и на олеснување на сообраќајот кон овој патен правец. Ајде да уживаме заедно во убавините на зимскиот центар. Секогаш сме на услуга на граѓаните, порачаа во соопштението од Канцеларија за комуникации и односи со јавноста на Општина Тетово.

Патниците ќе се превезуваат со автобуси на Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ – Тетово, кои имаат редовни градски линии. За враќање од Попова Шапка кон Тетово предвидени се термините 09:30, 12:30, 15:30 и 18:30 часот.

Претходна вест„Лајка“ стартува сo кампања за вдомување на бездомни кучиња по скопските населби
Следна вестИзборно собрание на ДПМ, остана само еден кандидат за претседател